Што е Bitcoin?

Bitcoin е консензуална мрежа која овозможува нов систем на плаќање со дигитални пари. Таа е првата децентрализирана peer-to-peer мрежа на плаќање која се придвижува од своите корисници, без централизирана власт или посредници. Од перспектива на корисниците, Bitcoin е многу сличен на кеш за интернет. Bitcoin може да се гледа и како најистакнат троен влезен книговодствен систем кој постои.

Кој го создаде Bitcoin?

Bitcoin претставува прва имплементација на концептот наречен „крипто валута“ кој за прв пат беше опишан во 1998 од страна на Wei Dai на cypherpunks мејлинг листата, сугерирајќи на тоа дека идејата за нова форма на пари која користи криптографија за контрола на својата креација и трансакција, наместо централно управување. Првата Bitcoin спецификација како и доказ на концептот беа објавени во 2009 во криптографската мејлинг листа од страна на Satoshi Nakamoto. Satoshi го напушти проектот кон крајот на 2010 без да остави многу информации за себе си. Заедницата оттогаш расте експоненцијално со голем број на засегнати страни коишто работат на развивање на Bitcoin.

Анонимноста на Satoshi често покренува неоправдани задршки, многу од нив поврзани со погрешното разбирање на природата на отворен софтвер на Bitcoin. Bitcoin протоколот и софтверот се јавно достапни и секој програмер низ светот може да направи преглед на кодот или да направи своја модифицирана верзија на Bitcoin софтверот. Како и на сегашните програмери, така и влијанието на Satoshi беше лимитирано од промените кои ги направил, а коишто биле прифатени од останатите и следствено тој немал контрола врз Bitcoin. Како таков, идентитетот на креаторот на Bitcoin денес е релевантен исто како и идентитетот на личноста која ја измислила хартијата.

Кој ја контролира Bitcoin мрежата?

Никој не ја поседува Bitcoin мрежата исто како што никој не ја поседува технологијата позади емаил комуникацијата. Bitcoin се контролира од страна на неговите корисници ширум светот. Додека програмерите го подобруваат софтверот, тие не можат да наложат промена на Bitcoin протоколот бидејќи сите корисници се слободни во изборот кој софтвер или негова верзија ќе го користат. Во насока да останат компатибилни едни со други, сите корисници треба да користат софтвер кој ги следи истите правила. Bitcoin може да работи правилно само при целосен консензус помеѓу сите корисници. Затоа, сите корисници и програмери имаат силен поттик и мотив да го заштитат овој консензус.

Како работи Bitcoin?

Од перспектива на корисник, Bitcoin не претставува ништо повеќе од апликација за мобилен телефон или компијутерска програма која на личноста му нуди Bitcoin паричник и му овозможува нивно користење, примање и испраќање. На овој начин Bitcoin работи за најголемиот број на корисници.

Позади сцената, Bitcoin мрежата споделува јавна книга наречена “block chain “. Оваа книга ја содржи секоја трансакција некогаш направена, овозможувајќи му на компјутерот на корисникот да ја потврди валидноста на секоја трансакција. Автентичноста на секоја трансакција е заштитена со дигитален потпис кој кореспондира со адресите од каде се испраќа, овозможувајќи сите корисници да имаат целосна контрола во праќањето на bitcoin од својата Bitcoin адреса. Дополнително, секој може да направи процесира/обработува трансакции користеќи ја компјутерската моќ на специјализиран хардвер и за услугата да заработи награда изразена во bitcoin. Ова често се нарекува „рударство“ – “mining”. За да дознаете повеќе за Bitcoin, можете да ја консултирате посебната веб страна и оригиналниот труд.

Надворешни линкови за повеќе информации за Bitcoin

Bitcoin.org FAQ
Coindesk.com beginners guide to Bitcoin