ПРАВИЛА И УСЛОВИ – CURACAO ЛИЦЕНЦА
Овие правила и услови се применуваат од 1 јули 2015 година.
Со користење на веб-страницата на Coinbet24 апликацијата и/или отворање на кориснички профил на Coinbet24, Вие се согласувате дека ќе ги почитувате овие Правила & Услови (П&У) кои сметаме дека сте ги прифатиле и разбрале.
1. ОПШТО
1.1. Сите правила на обложување можат да бидат прикажни и на други јазици покрај англискиот јазик. Во случај на постоење на разлика помеѓу англиската верзија на П&У и верзијата на друг јазик, ќе се применува англиската верзија.
2. ДОГОВОР
2.1. Со отворањето на кориснички профил на Coinbet24, Вие се согласувате со нашите генерални П&У и правилата што важат за услугите достапни на веб-страницата.
2.2.Можеби ќе треба да ги менуваме П&У од време на време. Во овие случаи ќе добиете известување на веб-страницата и ќе Ви биде испратена порака на вашата е-пошта со која сте го регистрирале Вашиот кориснички профил. Ажурираните П&У секогаш ќе бидат достапни на веб-страницата. Одговорноста за проверка на ажурирања и/или модификациина П&У, секогаш е обврска на клиентот.
2.3.Доколку не се согласите со П&У за Coinbet24, нема да можете да отворите кориснички профил.
3. ОБВРЗУВАЧКИ УСЛОВИ
Со согласување на П&У на Coinbet24 T&C’s, Вие ни го гарантирате следното:
3.1. Имате над 18 години или друга законска возраст над 18 години, која е утврдена на територијата на која живеете.
3.2. Како што знаете, правото на пристап и / или користење на веб-страницата може да биде нелегално во одредени земји. Вие сте одговорни да определите дали пристапувањето и / или користењето на веб-страницата е во согласност со важечките закони во Вашата држава и Вашата гаранција кон нас дека коцкањето не е нелегално на територијата во која живеете.
3.3. Имате полно право да влезете во правно-обврзувачки договор со нас.
3.4. Вие разбирате дека со користење на нашата веб-страница и услуги може да загубите биткоини на влогови поставени на Спортско обложување и на казино игрите. Вие прифаќате дека сте целосно одговорни за таквата загуба.
3.5. Вие не депонирате Биткоини што потекнуваат од кривични и / или нелегални активности и / или немате намера да ја користите Вашата сметка во врска со такви активности.
3.6. Вие не ја користите сметката за никакви цели поврзани со перење пари.
3.7. Вие нема да користите било какви уреди, роботи, софтвери или други методи со цел вмешување или обид за вмешување во нормалното и соодветно функционирање на нашиот сервис.
3.8. Вие не сте проблематичен коцкар, ниту се сметате себеси за таков.
3.9. Немате друга сметка или друга клиентска врска со Coinbet24. ниту работите за некој од добавувачите со кои соработува Coinbet24.
3.10. Вие не сте вработен, консултант или подружница на Coinbet24 ниту работите за некој од добавувачите со кои соработува Coinbet24.
4. ПРИВАТНОСТ
4.1. Сите информации што ќе ги споделите со Coinbet24 ќе бидат доверливи и обработени во согласност со нашата Политика за приватност..
4.2. Согласувајќи се со П&У на Coinbet24 Вие исто така се согласувате дека сте ја прочитале, разбрале и се обврзувате да ја почитувате нашата Политика за приватност..
5. КОРИСНИЧКИ СМЕТКИ
5.1. Вашата корисничка сметка
5.1.1. Пред да можете да ги користите услугите на Coinbet24 морате да се регистрирате и да креирате кориснички профил. Мора сами да го креирате вашиот профил.
5.1.2. Ние нема да имаме и нема да прифатиме клиенти резиденти на држави во кои е забрането учество во онлајн спортско обложување, коцкање и/или со Биткоин
5.1.3. Вие се согласувате дека ќе доставите целосни и точни податоци за регистрација на Coinbet24. Вие се согласувате дека во случај на било какви промени на таквите информации ќе не известите веднаш во писмена форма.
5.1.4. Вие не овластувате да ги превземеме сите неоходни мерки со цел потврда на Вашиот идентитет и Вашата кредитната способност од трети лица кои што располагаат со такви информации.
5.1.5. Регистрацијата ќе биде извршена преку SSL (Secure Sockets Layer) енкрипција.
5.1.6 .Ќе не известите веднаш штом воочите некаква грешка во однос на Вашата сметка или во однос на пресметките во врска со некој облог што сте го поставиле. Ние го задржуваме правото да ги прогласиме за ништовни и неважечки сите облози кои се предмет на таква грешка.
5.1.7. Ние го задржуваме правото да воведеме наплата на провизија при повлекувања, ако депозитот не е свртен барем еднаш со минимален коефициент 1.30 пред повлекувањето, за да се покријат трошоците за депозитот и повлекувањето.
5.1.8. Ние го задржуваме правото да ги суспендираме корисничките профили на играчите кои биле неактивни повеќе од 12 месеци. Ако Вашиот кориснички профил е суспендиран, Ве молиме контактирајте не на: support@coinbet24.com fза инструкции за тоа како да го активирате Вашиот кориснички профил повторно.
5.1.9. Дозволена е само една сметка по клиент / IP / домаќинство. Доколку се обидете и / или успешно отворите повеќе од една сметка, сите Ваши сметки може да бидат блокирани, суспендирани или затворени, а Вашите Биткоини замрзнати.
5.2. БЕЗБЕДНОСТ
5.2.1. Доколку се регистрирате кај нас преку веб-страницата, по завршувањето на регистрацијата, ние ќе Ви испратиме е-пошта на наведената е-меил адреса со потврда дека Вашата сметка е отворена. Ќе треба да кликнете на линкот од е-поштата за активација за да потврдите дека Вие ја поседувате наведената е-маил адреса.
5.2.2. При регистрација преку веб-страницата, ќе биде побарано од Вас да изберете лозинка за користење на веб-страницата.
5.2.3. Вие се согласувате дека ќе ја чувате Вашата лозинка доверливо и дека сте одговорни за било каква злоупотреба на Вашата лозинка. Било какви загуби поради користење на Вашата сметка од трето лице нема да биде рефундирана од наша страна, а Вие и понатаму ќе имате целосна одговорност за било какво користење на Вашите податоци за најава од трето лице, како и дека штетата која ќе произлезе од тоа нема да влијае на нас.
5.2.4. Вие се согласувате веднаш да не известите преку е-пошта, доколку сметате дека податоците за Вашата сметка се злоупотребени од страна на трето лице, за да можеме да ја суспендираме Вашата сметка.
5.2.5. Ви препорачуваме да оневозможите било какво автоматско памтење на Вашата лозинка во Вашиот пребарувач пред употреба. Ова ќе помогне да се ограничи ризикот од неовластена употреба на Вашата сметка.
5.3. Биткоин Депозит
5.3.2. Ние го прифаќаме само Bitcoin.
5.3.3. Деталите за тоа како да ги направите Вашите Биткоин депозити, се достапни на Веб-страницата, кое може да го најдете со кликање на „Мој профил“ и „Депозит“.
5.3.4. Ние не даваме кредит за користење на нашите услуги.
5.3.5. Coinbet24 не е банкарска институција. Вие нема да добивате камата по основ на извонредно салдо на Вашата сметка.
5.3.6. Доколку Вашата сметка стане преголема поради настаната грешка на двојно плаќање, на пример, ако барањето за исплата биде обработено двапати од било која причина, Вие се согласувате целосно да го надоместите Coinbet24 за секој таков преголем износ..
5.3.10. Ние го задржуваме правото да ги одземеме направените трошоци за депозити од било кој износ што го повлекувате, ако таквите трошоци го надминуваат нето приходот генериран од Ваша страна на датумот на кој првично го имате извршено депонирањето Биткоин кај нас.
5.3.11. Биткоин девизниот курс, прикажан на Coinbet24, треба да се гледа само како насока за она каква е вредноста на биткоин на глобалниот пазар.
5.3.12. Треба да бидете свесни дека вредноста на биткоинот може драматично да се промени за кратко време
5.4. СОСТОЈБА НА СМЕТКАТА
5.4.1. Нашите пресметки за салдото на Вашата сметка, бонуси и износи што ги поседувате според овие правила и услови ќе бидат конечни и, во отсуство на било каква настаната грешка, нема да бидат предмет на било какви проверки и истражувања.
5.4.2. Ние го задржуваме правото да ја затвориме Вашата сметка и да Ви ги рефундираме средствата на Вашето салдо како наше единствено и апсолутно дискреционо право и без никаква обврска од наведување на причина или претходна најава.
5.5. УПРАВУВАЊЕ СО СМЕТКАТА НА КЛИЕНТОТ
5.5.1. Сите добивки ќе се упатуваат на Вашата сметка по потврда на релевантниот резултат.
5.5.2. Сите износи кои се погрешно кредитирани како добивки на Вашата сметка остануваат во сопственост на Coinbet24 и автоматски ќе бидат трансферирани од Вашата сметка откако грешката ќе биде откриена. Сите добивки кои по грешка ќе бидат кредитирани на Вашата сметка, а ќе бидат повлечени од Ваша страна ќе претставуваат долг што го должите на Coinbet24 во износот на таквите погрешно припишани добивки.
5.5.3. Можете да подигнете било кој износ до билансот на Вашата сметка со давање на валидно известување за повлекување на начин како што е наведено во "Мој профил" и "Повлекување" на нашата веб-страница.
5.5.4. Можно е да се депонира или повлече само Биткоин од Вашата сметка. Ние не прифаќаме ниедна друга форма на плаќања.
5.5.5. Ние нема да прифатиме барања за повлекување, направени на друг начин, освен преку можностите што се дадени во "Мој профил" - "Повлекување" дадени на веб-страницата. Нашите вработени и агенти не се овластени да вршат движења на биткоин на кој било друг начин.
5.5.6 Плаќањето на било какви даноци, такси и други давачки на кои подлежат Вашите добивки според било кој важечки закон е Ваша единствена одговорност.
5.5.7 Вашите добивки од уплатените облози се кредитираат на Вашата сметка и можат да бидат повлечени во согласност со нашата политика за повлекување и по наше барање, по обезбедување на копија од валидна фотографија за идентификација, доказ за адреса и / или кредитна / дебитна картичка
6. БОНУСИ
6.1. Coinbet24 го задржува правото да откаже било каков бонус или бонус програма (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на депозитни бонуси, бонуси за повторно вчитување и програмата за лојалност) со непосреден ефект доколку веруваме дека бонусот е погрешно поставен или се злоупотребува, и доколку ваквиот бонус е исплатен, тогаш ние го задржуваме правото да го одбиеме секое барање за повлекување и да го одземеме тој износ од Вашата сметка. Утврдувањето на тоа дали бонусот е неправилно поставен или злоупотребен, е дискреционо право исклучиво на Coinbet24.
7. ОПШТИ ПРАВИЛА НА ОБЛОЖУВАЊЕ
7.1. Облог може да биде поставен само од страна на лице кое има регистриран кориснички профил.
7.2. Облог може да се постави само преку интернет.
7.3. Можете да се обложите само ако имате доволно биткоини на Вашата сметка на Coinbet24.
7.4. Откако ке биде завршено обложувањето, ќе се регулира со Условите и Правилата кои важат и се достапни на веб-страница во времето кога обложувањето е прифатено.
7.5. Исплатата на добитните тикети се кредитира на вашиот профил,која се состои од влогот помножен со коефициентот на кој е ставен облогот
7.6. Coinbet24 го задржува правото да ја прилагоди исплатата на облогот кредитирана на сметка Coinbet24 ако тоа е определено од Coinbet24 во своето дискреционо право дека таква исплата е настаната поради грешка.
7.8. Влог, кој е поставен и прифатен, не може да се менува, повлече или да се откаже од Ваша страна.
7.9. Листата на сите облози, нивниот статус и детали се достапни за Вас на веб страницата.
7.10. Кога ќе поставите облог се согласувате дека сте ги прочитале и разбрале во целост сите Правила и Услови, како и Правилата на обложување во врска со облогот како што е наведено на веб-страницата.
7.11. Coinbet24 управува со Вашиот профил, ги пресметува расположливите средства, средствата во очекување, средствата за обложување, бонус средства, како и износот на добивките. Овие износи се сметаат како конечни и се смета дека се точни, освен ако не се докаже спротивното.
7.12. Вие сте целосно одговорни за облозите кои ги поставате.
7.13. Добивките ќе Ви бидат исплатени на Вашата сметка откако крајниот резултат ќе биде потврден од страна на официјално управно тело на таквиот спорт или натпревар. Сепак, Coinbet24 го задржува правото да издвои некои добивки за кои смета дека треба да има истрага и кои произлегуваат од било какво сомневање за криминални активности кои можат да влијаат на резултатот. Ако некоја неправилност се потврди, Coinbet24 го задржува правото да ги поништи сите поврзани облози
7.14. Доколку Coinbet24 забележи дека сте поставиле голем број на облози од различни сметки кои ги имате нерегуларно отворено, сите облози ќе бидат поништени од страна на Coinbet24. Coinbet24 го задржува правото да преземеме дополнителни мерки кои се неопходни.
7.15. Облозите, кои ги надминуваат максималните износи за обложување, погрешно се прифатени од страна Coinbet24, вишокот на износот ќе се сторнира и износот на залог ќе биде ревидиран соодветно и разликата ќе ви се врати
7.16. Со ова потврдувате дека не сте дел од обложувачките организации, каде што неколку страни се вклучени во поставување облози со цел да се избегнат Правилата за обложување, овие Услови или било кои други правила на Coinbet24.
7.17. Освен ако не е поинаку наведено, сите облози на Coinbet24 се решаваат во согласност со конечен резултат во регуларно време, резултат на натпреварот прогласен од страна на официјален орган на управување, на таквиот спорт или активност. Сите игри се декларирани како (FT) или со вклучено продолжение
7.18. Статискика, резултати во живо, обложување во живо или уреднички текст објавен на Coinbet24 е додатна информација и Coinbet24 не го признава или прифаќа било каква одговорност, ако информациите се неточни. Ваша е одговорноста да бидете свесни за сите околности што се однесуваат на некој настан и самостојно да ги проверите сите информации објавени на веб-страницата.
7.19.Ако натпреварот не започне на закажаниот датум за почеток, или ќе започне, но подоцна се одложи и / или напушти и не е завршен (продолжен) до крајот на следниот календарски ден, сите облози кои ќе останат - ќе бидат неважечки, освен облозите на игрите кои биле безусловно утврдени. Некои маркети имаат различни правила и тие се наведени под секој спорт / маркет на веб-страницата.
7.20. Coinbet24 го задржува правото да се изјасни за повлекување на облог, целосно или делумно, ако е очигледно дека:
- Облозите биле понудени, објавени и / или прифатени поради грешка;
- Облозите се направени на коефициенти кои се погрешни и се издвојуваат од коефициентите што ги нудат другите обложувачки компании;
- облозите се ставени по почнување на настанот или по рокот утврден од страна на Coinbet24 (обложувања во живо се исклучени - онаму каде што е дозволено од страна на Coinbet24);
- се појави синдикално обложување;
- се случи влијание при обложување, каде што сте влијаеле врз исходот на натпреварот на кој било начин;
and/or
- резултатот е директно или индиректно засегнат од криминални активности.
7.21. Ако облог / настан е прогласен за неважечки, тоа ќе се смета како "добивка" со коефициент 1.0, што значи дека е можно да се добие или изгуби во зависност од останатите облози.
7.22. Coinbet24 го задржува правото да усвои посебни правила, кои се применуваат за одредени натпревари или настани кои можат да бидат во спротивност со правилата на обложување. Таквите посебни правила можат да бидат објавени во врска со објавените коефициенти за одредени натпревари и / или настани.
7.23. Понекогаш се случуваат и грешки при комуникацијата. Начинот на кој нашиот систем работи е дека влогот е потврден само кога е примен на нашите сервери. Ако има прекин во комуникацијата откако ќе го поставите вашиот облог но тој е приемен на нашите сервери, сепак ќе учествува во активната игра. Ќе бидете известен дали сте победиле или изгубиле откако комуникација ќе биде повторно воспоставена. Ако влогот не е примен на нашите сервери, тогаш тој нема да учествува, и износот на влогот нема да биде повлечен од Вашиот кориснички профил.
7.24. Ако сте незадоволни со кое било прашање кое се однесува на облогот со Coinbet24, Ве молиме да го известите Coinbet24 во рок од 30 дена по извршувањето на трансакцијата. Известувањата направени по тој рок од 30 дена ќе бидат отфрлени. Таквото известување се врши во писмена форма. Во случај на неусогласеност помеѓу резултатот што се појавува на вашиот уред и резултатите во историјата на трансакцијата во нашиот систем, Вие се согласувате дека резултатите во историјата на трансакции во нашиот систем како потврдена од страна на припадници на Coinbet24 се конечни, потврдени и обврзувачки
7.25. Вие потврдувате и прифаќате дека ќе бидете соодветно информирани за вашата можна изложеност на биткоин според деталите што се дадени на онлајн потврдата за обложување издадени од нас (Ако имате сомневање за ова траба да го контактирате со Coinbet24 корисничка поддршка).
7.26. Прифаќате дека сите Биткоини изгубени поради обложување нема под никакви околности да се надоместат од Coinbet24.
8. ПОНИШТУВАЊЕ, СУСПЕНЗИЈА И ЗАТВОРАЊЕ
8.1. Без ограничување , ние може да го суспендираме и / или да го прекинеме вашиот профил или да ги откажеме сите доспеани облози по наше апсолутно дискреционо право, доколку:
- Се сомневаме дека се занимавате со нелегални или измамнички активности, додека ја користите нашата веб-страница.
- Се сомневаме дека прекршувате било каков услов од овие Услови и правила.
- Се сомневаме дека се однесувате на начин кој е штетен за нашиот бизнис.
8.2. Без оглед на тоа дали ние ќе суспендираме и / или затвориме профил и без оглед на другите одредби од овие Услови и правила, ние може да одлучиме да ги откажеме и поништиме сите неправилни облози по наше апсолутно дискреционо право, кога:
- Постои техничка грешка
- Вие или друг клиент со кого имате влог прекршите некое од овие Правила и Услови.
8.3. Coinbet24 го задржува правото да ја затвори Вашата сметка и да ви ги исплати парите кои се моментално на Вашата сметка без понатамошно објаснување. Subject to any provision of these Terms and Conditions to the contrary, outstanding bets will ordinarily be honored. Понатаму, ние го задржуваме правото да исклучиме дел или целиот сервис за било која причина на наша дискреција и во таков случај ние може но не сме обврзани да дадеме било какво известување, како и да е, ние ќе се трудиме секогаш да дадеме такво известување ако е изводливо.
9. ФЕР КОРИСТЕЊЕ
9.1. Производите на веб страната и Coinbet24 можат да се користат само за целите на поставување облози и обложувања на настани и / или игри.
9.2. Вие не смеете да ја користите Веб-страницата за било каква цели, кои (според Coinbet24 се нелегални, клевети, навредливи или непристојни, или кои Coinbet24 ги смета за дискриминаторски, лажни, нечесни или несоодветни.
9.3 [%SITE_NAME% ]ќе побара кривична одговорност и ќе спроведе санкции против секој клиент кој е вклучен во криминални, нечесни или кривични дела преку или во врска со веб-страницата или Coinbet24 производите. Coinbet24 ќе го задржи плаќањето на секој клиент доколку се сомнева за нешто од горе наведеното. По барање на Coinbet24, клиентот ќе ги обештети и ќе биде должен да ги плати сите побарувања кои произлегуваат директно или индиректно од криминалното, нечесно или кривично дело.
10. ИЗНОСИ
10.1.Не може да поставите залог кој го надминува достапниот биланс на Вашата сметка на Coinbet24.
10.2. Coinbet24 го определува максималниот влог на залог. Максималните влогови ќе бидат различни од спорт на спорт и лига во лига, но во целина максималниот влог е поголем во големите лиги како Премиер лига, НФЛ итн .. Максималниот влог, ќе биде променет од страна на тимот за управување со ризик на Coinbet24.
10.3. Максималната добивка во период од 24 часа која клиентот може да ја има е 100.000 евра, или еквивалент во други валути.
10.4. Максимална добивка на облог е 10.000 евра, или еквивалент во други валути.
10.5. Максимална добивка на купон е 25.000 евра, или еквивалент во други валути
11. НАШАТА ОДГОВОРНОСТ
11.1. Coinbet24 не прифаќа никаква одговорност за какви било штети, обврски или загуби кои се сметаат или наводно се појавиле во текот на или во врска со веб-страната или неговата содржина (вклучувајќи ги одложувањата или прекините при работа или пренос, губење или оштетување на податоците, комуникациски или линиски прекин, злоупотреба на веб-страницата или неговата содржина или било каква грешки или пропусти во содржината) на било која личност.
11.2. Додека Coinbet24 се обидува да се осигура дека информациите на веб-страната се точни,Coinbet24 не гарантира за точноста или комплетноста на информациите и материјалите на веб страната. Веб-страната може да содржи печатни грешки или други неточности, или информации кои се застарени. Coinbet24 нема обврска да ги ажурира тие податоци. Информациите и материјалите на веб-страната се дадени "како што се", без никакви услови, гаранции или други услови од било кој вид. Соодветно на тоа, до оној степен до кој дозволуваат законските прописи, Coinbet24 овозможува пристап до веб-страната на начин што Coinbet24 и исклучува сите презентации, експлицитни или имплицитни гаранции, правила и услови кои освен овие Правила и услови може да имаат некакво влијание поврзано со веб-страната.
11.3. Coinbet24 нема да биде одговорен, во договорот, измама (вклучувајќи небрежност) или за прекршување на законска обврска или на било кој друг начин за било кое од следниве (без разлика дали настанале директно или индиректно):
- загуба на профит
-
губење на бизнис
-
загуба на приходи
- Губење на можност
- губење на податоци
- губење добра волја или углед
Било какви посебни, индиректни или последователни загуби, без разлика дали таквите загуби биле во рамките на спогодба на страните на датумот на овие Правила и Услови.
11.4. Coinbet24 е дозволено да започне со било какви технолошки разумни мерки за заштита на информациите на клиентите, но нема да биде одговорна и нема да ја преземе одговорноста ако трети лица превземат контрола на кој било процес, или информации за корисникот и покрај таквото дејство. Во такви околности, не може да се појават барања за надомест на штета против Coinbet24,во било кои услов.
12. СИСТЕМИ ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ И РОБОТИ
12.1. Coinbet24 не прифаќа употреба на разузнавачки системи и / или роботи кои се строго забранети да се користат. Во оваа група спаѓаат, секој автоматизиран софтвер и / или компјутерски систем кој е во директна или индиректна врска со услугите што ги нуди Coinbet24 вклучувајќи го и извршувањето на активности како што се испраќање информации од вашиот компјутер на друг компјутер со инсталиран и активен софтвер и / или системи дизајнирани да ви овозможат нечесна предност.
13. ПРАШАЊА НАДВОР ОД НАШАТА КОНТРОЛА
13.1. Coinbet24 не може да биде одговорен за било каков неуспех или задоцнување во обезбедувањето на услугата поради случај на виша сила, која би можело да се смета дека е надвор од нашата контрола како што се: Божји чин; трговија или работен спор; прекин на електрична енергија; дејство, слабост или неуспех на некоја влада или орган; опструкција или неуспех на телекомуникациските услуги; или било какво одложување или неуспех предизвикани од трети лица, ние нема да бидеме одговорни за каква било загуба или штета што може да ја претрпите. Во таков случај, ние го задржуваме правото да ја откажеме или прекинеме услугата без да предизвикаме никаква одговорност.
14. ОБЛОЖУВАЊЕ ВО ЖИВО
14.1. Coinbet24 ги прави сите обиди да воспостави фер оценување на настаните кои се случуваат за време на натпревар во живо на добра волја. Coinbet24 прави се што може за прикажување на тековниот резултат, време итн., но секогаш одговорноста е на сопствениците на корисничките профили да бидат свесни за резултатот, времето и сл. во дадениот натпревар.
14.2. Обложувањата дадени при следните околности ќе бидат прогласени за неважечки:
- Обложување извршено по неточна цена поради одложување или неуспешно покривање во живо.
- Обложување извршено врз одредени понуди откако тие се случиле, или по настан што вообичаено може да се смета дека доведува до исходот што се случил или се случува (на пр. Облози поставени на понуди како што се Вкупно голови или следен гол додека се извршува пеналот или се досудил).
- Обложувања извршени на коефициенти кои претставуваат поинаков резултат од вистинскиот.
14.3.Може да се појават ситуации кога не е можно категорично да се наведе што се случило. Во случај кога предметот бара подетално испитување, или покриеноста на ТВ-емитувачот е прекината или не започне навремено од која било причина, или постои техничка грешка во трејдерските системи кои се на располагање на трејдерите на Coinbet24го задржуваме правото да го задржиме договорот во очекување на понатамошната истрага или да ги поништиме облозите.