ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Политиката за приватност опишува на кој начин Coinbet24 (во понатамошниот текст „нас“ или „ние“) управува со информациите и податоците кои Вие ни ги давате на нас со што ни овозможувате да ја менаџираме Вашата врска со Coinbet24.
Ние ќе ги обработиме сите лични информации кои ни се дадени било преку интернет страната или на друг начин во врска со Вас на начин утврден во оваа Политика за приватност. Со испраќањето на Вашите информации на нас и користењето на интернет страната Вие се согласувате на користење на Вашите лични информации како што е наведено во Политика за приватност. Доколку не се согласувате со условите поставени во Политика за приватност Ве замолуваме да не ја користите нашата интернет страна или на друг начин да ни доставувате лични податоци.
Информации кои ги собираме како и нивно користење
Информациите и податоците кои ние може да ги зачуваме, користиме и процесираме се следниве:
- Информациите коишто ни ги давате при пополнување на формулари на оваа веб страна или било каква информација која ни ја испраќате преку оваа веб страна или емаил.
- Записи од комуникација, преку веб страната или преку емаил
- Детали за трансакциите кои што ги вршите со нас, преку веб страната или преку други средства
- Детали за посета на веб страната, вклучувајќи но не ограничени на, податоци за сообраќајот, локацијата, веб логови како и друг тип на комуникациски податоци.
Би можеле да ги користиме Вашите лични информации податоци и за:
- Процесирање на Вашите облози, вклучувајќи ги и плаќањата;
- Подесување, раководење и менаџирање со Вашата корисничка сметка;
- Во согласност со нашите правни и регулаторни обврски кои што ќе вклучуваат, без ограничување, извршување на проверку кои што ние ги сметаме за неопходни;
- Креирање на профили на лица;
- Ваше информирање за промотивни понуди како и на наши производи и услуги, каде што сме добиле Ваша согласност; и
- Мониторирање на трансакции со цел спречување на превара, нерегуларно обложување, перење на пари и мамење.
Складирање на податоците
Ќе ги превземеме сите разумни чекори за да обезбедиме безбедно и заштитено чување на Вашите податоци. Личните податоци ќе ги споделиме само со други компании во склоп на поврзани или ќерки компании и на бизни партнери, наследници на нашиот бизни или соработници кои што се ангажирани за обработување на информациите во наше име. Доколку креирате корисничка сметка кај нас, со цел да донесеме кредито-информативни одлуки за Вас, да спречиме измама, да ја провериме Вашата возраст и идентитет, како и да спречиме перење на пари, може да користиме трети лица вклучувајќи агенции за кредитни референци кои би ги забележале сите пребарувања на Вашите документи. Исто така можеме да вршиме истраги од, или да откриваме детали Вашето однесување во Вашата корисничка сметка на соодветни агенции, безбедносни организации и сите останати релевантни страни за спречување на измама и перење на пари.
УПОТРЕБА НА КОЛАЧИЊА
Можеме да користиме колачиња како средство за собирање на податоци од веб серверот за горенаведените цели следствено на корисничката употреба на веб страната. Ако се регистрирате кај нас или доколку продолжите да ја користите веб страната Вие се согласувате на користењето на колачињата од наша страна.
Колачињата содржат податоци кои се трансферираат до хард дискот на Вашиот компјутер. Истите ни помагаат да ја подобриме вебстраната и да Ви овозможиме подобра и поперсонализирана услуга. Некои од колачињата коишто ги користиме се неопходни за вебстраната да функционира.
Доколку саката да избришете било кој од колачиања зачувани на Вашиот компјутер или да ги стопирате колачињата коишто водат евиденција за Вашите пребарувачки модели на вебстраната, истото можете да го направите со бришење на постојните колачиња и/или менување на подесувањата за приватност на вашиот пребарувач како би блокирал колачиња (процесот варира од еден до друг пребарувач). Доколку Ви се потребни повеќе информации како да го направите ова, Ве молиме посетете ја www.allaboutcookies.org. Имајте во предвид дека бришење или оневозможување на нашите идни колачиња значи дека можеби нема да бидете во можност да пристапите до одредени делови или можности на вебстраната.
ПРЕНОС НА ПОДАТОЦИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ
Имајќи во предвид дека интернетот е глобална околина, користењето на интернетот за собирање и обработка на лични податоци нужно вклучува и пренос на податоци на интернационално ниво. Некои од процесорите на податоци ангажирани за обработка на лични податоци можно е да се наоѓаат надвор од Европската Економска Област(ЕЕО). Поради тоа при користење на вебстраната и електронска комуникација со нас, се согласувате со тоа ние(или нашите добавувачи или подизведувачи) да ги обработуваме Вашите лични податоци надвор од ЕЕО. Ќе ги превземеме сите разумни чекори за да обезбедиме третирање на Вашите податоци и информации безбедно и во согласност со оваа Политика на приватност.
ОБЈАВУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ
Ние имаме право да ги споделуваме податоците коишто ги имаме за Вас, вклучувајќи лични податоци и историја на обложување со регулаторни, спортски тела и останати институции, вклучувајќи полиција, со цел истражување на измама, перење на пари или прашања од спортски интегритет како и да бидеме во согласност со нашите регулаторни обврски кон соодветните органи.
Со цел да бидете во согласност со правните и регулаторните барања на Coinbet24 како и внатрешните процедури за менаџирање со ризик на Coinbet24, ќе ги задржиме податоците за одредено време (генерално не повеќе од шест години) по затворањето на Вашата корисничка сметка. Сите податоци ќе бидат чувани во согласност со оваа Политика за приватност.
ПРОМЕНИ ВО НАШАТА ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ
Кои било промени што би можеле да ги направиме во нашата Политика за приватност ќе бидат објавени на оваа страна и секоја таква промена ќе стапи на сила по објавување на ревидираната Политика за приватност. Доколку направиме материјална или суштествена промена на оваа Политика за приватност ќе направиме разумни напори како би Ве известиле по емаил, на вебстрата или преку друг договорен комуникациски канал.