Најчесто поставувани прашања

Прашања поврзани со корисничката сметка

Колку кориснички сметки може да имам?

Дозволено Ви е да имате само една активена сметка на Coinbet24.

Дали можам да ја променам валутата на мојата сметка?

Откога ќе го креирате профилот, Вие не можете да ја менувате валутата. Ако сакате да ја промените валутата, тогаш мора да го контактирате support@coinbet24.com и да побарате нова сметка со нова валута. Во овој случај вашата стара сметка ќе биде деактивирана.

Дали има ограничувања во однос на возраста за отворање на корисничка сметка?

Да, мора да имате најмалку 18 години за да отворите сметка на Coinbet24. Ве молиме бидете внимателни со Вашите локални прописи, кои може да Ве обврзуваат да бидете повозрасен.

Не сум сигурен, дали веќе имам сметка?

Контактирајте не на support@coinbet24.com

Како можам да ја променам лозинката?

Најавете се на вашата сметка, одете на „Мој профил“ и кликнете на копчето „Ресетирај лозинка“. Тука ќе биде побарано од Вас два пати да ја внесете вашата нова лозинка и за потврда потребно е еднаш да ја внесете вашата стара лозинка. Постапката ја завршувате со повторно кликнување на копчето „Ресетирај лозинка“.

Ја заборавив лозинката, што да направам?

Потребно е да ја користите нашата страна за заборавени лозинки. Тука ќе треба да ја внесете Вашата емаил адреса и потребните инструкции за тоа како да ја промените лозинката ќе ви бидат испратени на Вашата емаил адреса. Ве молиме запомнете да го проверите фолдерот за Spam/Junk пораки, бидејќи како автоматски испратена емаил порака лесно може да заврши во овој фолдер.

Како можам да ја потврдам мојата корисничка сметка?

Кога ќе се регистрирате за нова сметка на Coinbet24, тогаш на вашата емаил адреса ќе ви испратиме емаил порака со линк за потврдување на Вашата сметка. Ако не добиете ваков емаил, тогаш може да ја потврдите Вашата сметка со испраќање на емаил од Вашата емаил адреса на support@coinbet24.com и да побарате да биде потврдена Вашата сметка. Ве молиме запомнете дека не можете да не контактирате преку формуларот за контакт, бидејќи сеуште ја немате потврдено Вашата сметка.

Како можам да направам уплата на мојата сметка?

За да направите уплата, на почеток Ве молиме најавете се на Вашата сметка. Кликнете го копчето „Уплата“ во горниот десен агол кое понатаму ќе Ве однесе на опциите за уплата, каде ќе треба да го одберете методот кој сакате да го користите.

Bitcoins

Кога ќе ја одберете опцијата bitcoin, тогаш ја гледате Вашата лична адреса за bitcoin уплата, како и QR кодот за уплата. Едноставно одете во Вашиот bitcoin новчаник и направете трансфер кон оваа адреса. За неколку секунди, уплатата ќе се појави на Вашата сметка.

Имаме направено и видео со инструкции за уплаќање со bitcoins.

Најчесто уплатата со Bitcoin се извршува веднаш (до 30 секунди), но понекогаш (ако не се реализираат веднаш) тогаш мора да чекаме првична потврда, која се случува кога трансакцијата влегува во првиот блок. Тогаш и ќе се обработи уплатата.

Останати крипто валути

Одберете ја крипто валутата од која ќе го правите трансферотна пари. Потоа Вашата лична уплатна адреса ќе биде прикажана заедно со информации за минимална и максимална уплата.

Одете во Вашиот паричник со крипто валути и направете го трансферот. Ако останете на страната за уплати, ќе можете да го следите прогресот на трансакцијата. Вообичаено постапката завршува за време од 20 до 60 секунди вклучувајќи ја и промената од крипто валута во валутата на Вашата сметка.

Кредитни картички

Селектирајте ја опцијата за кредитни картички. Може да биде побарано од Вас да ја контактирате корисничката поддршка за да добиете пристап до овие можности за уплата, бидејќи ова бара верификација и комплетни податоци за корисникот.

  • Селектирајте VISA или MasterCard
  • Внесете износ (ако Вашата валута на корисничката сметка е различна од валутата на трансакцијата, тогаш веднаш ќе го видите и износот во валутата на трансакцијата).
  • Кликнете го копчето „Уплата“

Потоа ќе бидете упатени кон EMP Corp, кои се грижат за трансакции преку кредитни картички и како дел од процесот ќе биде побарано да Вас да ја потврдите трансакцијата преку 3Д заштита.

Трансакции преку банка (Само за клиентите од Турција)

Како клиент од Турција имате можност да внесете уплата дирекно од Вашата сметка во банка. Едноставно одете до „Мој профил“" >> "Уплата" и кликнете го копчето за Трансфер преку банка. Ќе Ви се излистаат банки преку кои може да направите трансфер на средства во Турција. Направете ја трансакцијата од Вашата банкарска сметка и потоа потполнете го формуларот на страницата и пратете ни го. Трансферот на банкарската уплата најчесто трае од 10-20мин во период од 09.00 до 23.00ч. GMT.

PerfectMoney

Селектирај ја опцијата PerfectMoney. Потоа селектирај ја валутата од која сакаш да го направиш трансферот и потоа внеси го износот за саканата уплата. Ако валутата на Вашата корисничка сметка е различна од валутата на трансакцијата, тогаш веднаш ќе го видите износот и во валутата на трансакцијата. Потоа едноставно кликнете го копчето „Уплата“ и следете ги процедурите на PerfectMoney.

EcoPayz

Селектирај ја опцијата за "EcoPayz" уплата и пополни го формуларот со износот за кој сакаш да направиш трансфер. Потоа испратете го формуларот и ќе бидете упатени кон страната на EcoPayz, каде ќе биде побарано од вас да ја потврдите уплатата. Уплатата со EcoPayz најчесто се обработува за 1-2 мин.

Дали наплаќате провизија на уплатите?

Ние не наплаќаме провизија на било која форма на уплата. Ако уплатата е во друга валута во однос на валутата од Вашата корисничка сметка, тогаш може да Ви биде наплатена провизија за курсната разлика.

Која е минималната сума за уплата?

Зависи од типот на уплатата. Во продолжение ќе најдете одговор за сите видови на депозит

Bitcoins

Нема минимална уплата

LiteCoin, Ethereum и други крипто валути

Варира кај секоја крипто валута, но јасно е прикажано на страната за уплата. Најчесто е околу 0.8 USD.

Кредитни картички

USD 20 или еквивалентно во други валути

Трансфер преку банка (Само за клиенти од Турција)

Кај некои банки е TRY 50, а кај некои TRY 100. Оваа информација ќе ја добиете кога ќе ја одберете банката на страната за уплати.

PerfectMoney

USD 0.1

EcoPayz

USD 20 или еквивалентно во други валути

Како ќе го добијам мојот бонус?

За да добиете бонус, Ве молиме логирајте се и одете на „Мој профил“>> "Бонус". Кликнете да се пријавите за бонусот кој сакате да го добиете и завршете ги потребните активности (уплата или облог) како што е опишано за бонусот. Парите од бонусот автоматски ќе се појават на Вашата сметка по 2 минути откако ќе ги завршите потребните активности.

Како можам да направам подигнување?

Кога имате добиено пари и сакате да направите подигнување, само следете ги овие едноставни чекори:

  • Одете во „Мој профил“
  • Одберете го методот за повлекување што сакате да го користите
  • Пополнете ги информациите
  • Кликнете испрати

Помалите повлекувања во bitcoin се речиси моментални (од 1 до 2 мин). Поголемите повлекувања на bitcoin може да се обработуваат и повеќе од 12 часа, но најчесто се обработуваат во периодот од 1 час.

Повлекувањето со трансфер преку банка, PerfectMoney или EcoPayz се обработуваат од 08:00 до 22:00ч GMT и најчесто траат околу 30 мин.

Како можам да ја контактирам корисничката поддршка?

Можете да ја контактирате корисничката поддршка преку емаил support@coinbet24.com, online контакт формулар, facebook или чат во живо. Поддршката е достапна во периодот од 07:00 до 22:00 GMT секој ден.

Прашања за обложувалницата

Која е разликата помеѓу сингл, комби и систем облог?

Ако одберете „сингл“, тогаш сите избрани настани ќе се оценуваат индивидуално. Тоа значи дека за секој избран настан на тикетот можете да го добиете влогот помножен со коефициентот.

Ако одберете „комби“, тогаш Вашите избрани настани се оценуваат заедно. Тоа значи дека треба да добиете на сите избрани настани, и вашата добивка ќе биде пресметана како влогот помножен со секој од коефициентите.

Ако одберете „систем“, тогаш може да правите систем комбинирајќи различни варијанти на „комби“ и „сингл“ облози. Можете да одберете од листата на опции која комбинација сакате да ја направите. Може да одберете и „ bankers “, што значи дека било кој „banker“ секогаш ќе биде присутен на сите Ваши облози.

Дали можам да го откажам мојот облог?

Не можете да го откажете вашиот облог откако ќе го одобрите.

Кој е минималниот влог?

Во зависност од валутата минималниот влог е:

  • BTC 0.0005 (mBTC 0.5)
  • TRY 1
  • USD 0.5
  • EUR 0.3
  • VND 7,500

Кој е максималниот влог?

Максималниот влог е различен за различен спорт и лига. Ако имате проблеми при поставувањето на влогот, тогаш Ве молиме контактирајте го центарот за поддршка бидејќи големите влогови можно е да бидат прифатени по претходно одобрување од наша страна.

Како можам да го споделам мојот облог со други?

Откако ќе го поставите влогот, едноставно одете во "Мој профил" >> "Облози" и кликнете на облогот што сакате да го споделите. Тука ќе најдете „јавен линк“, кој може да го активирате со негово кликање. Потоа едноставно само копирајте ја неговата URL од таму и споделете ја.

Имаме направено и видео со соодветни инструкции.

Прашања за казино

Што се случува доколку изгубам конекција за време на круг на казиното?

Еднаш кога ќе започнете круг, истиот автоматски ќе заврши, дури и да изгубите конекција. Секоја победа од тој круг автоматски ќе се додаде на Вашата корисничка сметка. Ако ова се случи за време на бесплатните вртења, тогаш едноставно може да продолжите со играта и да продолжите со Вашите бесплатни вртења.

Дали можам да играм казино игри од таблет или мобилен телефон?

Да, повеќето игри имаат и десктоп и мобилна верзија.

Прашања за компанијата

Дали имате лиценца?

Coinbet24 е управувана од The Coin Group N.V., која поседува дозвола во Curacao.